Британската влада пред посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Лондон најави дека нема да го промени ставот за сопственоста на скулптури од Партенон.
Шест илјади француски полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија властите на француската престолнина.
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во Ангола во тридневна посета на субсахарска Африка, која ќе ја искористи за да го претстави амбициозниот железнички проект, чија изградба ја финансираат САД со цел да се спротивстави на кинеското влијание.
За барањето за смена на Владата ќе се гласа во среда, а доколку биде усвоено, Барние ќе биде принуден да поднесе оставка по само два и пол месеца, објави Гардијан.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши кој е во официјалната посета на Шведска, денеска, придружуван од пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески, имаше аудиенција кај кралот Карл Шеснаесетти Густав.
Полска денеска ја најави својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС), објави полска новинска агенција.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе сведочи во случајот за корупција против него од утврдена подземна просторија во судот во Тел Авив, јави израелската новинска агенција ТПС, повикувајќи се на информации од судската администрација.
„Дали помилувањето што Џо го даде на Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6, кои се затворени со години? Таква злоупотреба и погрешна правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“.
Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) во главниот град на Парагвај, Асунсион почна дебата за вклучување на културните практики во листата на нематеријално културно наследство.
Францускиот премиер Мишел Барние изјави денеска дека ќе ги искористи специјалните уставни овластувања за да го протурка буџетот за социјално осигурување во Долниот дом на Парламентот без гласање, а левицата најави дека ќе бара гласање за доверба на владата.