Во првите 10 месеци од оваа година дезертирале околу 60.000 украински војници, што е речиси двојно повеќе од претходните две години, додека Русија освојува се повеќе нови украински територии, пишува Фајненшл Тајмс.
Руската влада го претстави нацрт-буџетот како „урамнотежен“, при што проектираниот дефицит падна на 0,5 отсто во однос на годинашниот, што беше проектиран на ниво од 1,7 отсто, пренесуваат руските медиуми.
САД соопштија дека го прекинуваат стратешкото партнерство со Грузија поради одлуката на тамошната влада да ги прекине преговорите за пристапување во Европската унија.
Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека бунтовниците предводени од џихадистичката група „Хајат Тахрир ал Шам“ ја презеле контролата врз аеродромот во Алепо, првиот меѓународен аеродром што падна во нивни раце, објавувајќи и фотографии од аеродромот.
„Бараме овие земји да се обврзат да не создаваат нова валута на БРИКС и да не поддржат друга валута што би го заменила моќниот американски долар“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјави дека неговата земја е способна да ги „победи терористите“, по офанзивата започната во средата од коалицијата на бунтовнички групи во северозападна Сирија, во кои доминираат исламистите .
Белата куќа во средата го промовираше новиот американски дипломатски напор, со помош на Турција, Катар и Египет, за обезбедување договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го номинираше Чарлс Кушнер, таткото на неговиот зет Џаред Кушнер, за американски амбасадор во Франција, во последниот од неколкуте контроверзни избори.
Полицајците во опрема за растурање немири испукала гумени куршуми, солзавец и употребила водени топови за да ги растера демонстрантите кои фрлале запаливи направи“, наведе новинар на АФП, кој видел и пламен од прозорецот на зградата.
Зад огромен знак на кој пишува „Мазон, оставка“, што се однесува на конзервативниот регионален претседател на Валенсија, Карлос Мазон, „речиси 100.000 луѓе“ маршираа низ центарот на градот“, објави шпанската владина комисија во Валенсија.