Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп планира драстично кратење на буџетот на Стејт департментот, покажуваат интерни документи за финансиско планирање во кои увид имала агенцијата Ројтерс, пренесува БТА.
Членките на НАТО разгледуваат можност за утврдување нова цел за трошење средства – не само за воените буџети, туку и за цивилна одбрана и поддршка на Украина, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Цените на златото паднаа за 0,4 отсто од рекордно високо ниво од 3.245,42 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги ослободи паметните телефони и компјутерите од реципрочни царини.
Турција треба да почне со реставрација на куполата на џамијата Аја Софија, што ќе биде еден од најголемите проекти за реставрација на овој објект стар 1.486 години, изјавија денеска експерти.
Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Санто Доминго се искачи на 231, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Доминиканската Република Фариде Рафул.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран мора да се откаже од секакво тежнеење по нуклеарно оружје или да се соочи со можен американски воен напад врз неговите нуклеарни постројки.
Унгарскиот парламент го усвои уставниот амандман со кој се дозволува владата да забрани јавни активности на ЛГБТКју+ заедницата.
Фармацевтската компанија Фајзер денеска го запре развојот на лек против обезност, откако беше откриено дека учесник во тестирањето на лекот претрпел оштетување на црниот дроб, што е потенцијално поврзано со лекот.
Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари надминаа 65 долари, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од олеснувањето на американските трговски ограничувања и закрепнувањето на кинескиот увоз.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини неговиот претходник Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не успеале да ја спречат војната во Украина.