Штрајкот останува во сила осум часа или целосно работно време за целиот јавен и приватен сектор освен за транспорт. По релевантниот налог за враќање на работа, тој беше намален на четири часа во јавен, воздушен и поморски превоз.
„Протерувањето на вработените во А ЕР Де од Русија е неприфатливо и наведените причини се едноставно лажни и погрешни“, рече Бербок за време на заедничката прес-конференција со нејзиниот колега од Нов Зеланд, Винстон Питерс.
Двајца Бугари денеска пред судот во Лондон признаа дека биле руски шпиони во Велика Британија, на почетокот на случајот против уште тројца Бугари обвинети дека биле дел од истата шпионска мрежа.
Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се осудуваат парламентарните избори одржани на 26 октомври во Грузија, земја кандидат за членство во ЕУ, бидејќи „тие не се ниту слободни ниту фер“, се вели во соопштението на институцијата.
Грузискиот парламент на денешната конститутивна седница се согласи премиерот Иракли Кобахидзе да остане на функцијата и покрај тоа што членовите на опозицијата повикаа на бојкот во знак на протест против резултатите од парламентарните избори минатиот месец, објави Блумберг.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа вечераше со извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, во клубот Мар-а-Лаго на Флорида.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека денешниот напад врз украинската енергетска инфраструктура низ целата земја е одговор на претходните украински напади со американски ракети ATACMS врз Курската област.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ненајавено се појави на редовниот пладневен прес-брифинг во Берлемон со цел да му изрази благодарност на главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер за досегашната успешна соработка, врачувајќи му буџет цвеќе.
Истанбулското обвинителство отвори истрага за дистрибуирање на голема количина фалсификувани долари во различни делови на Турција, објави Си-Ен-Ен Турк.
Катар неколкупати досега посредуваше меѓу Русија и Украина за враќање на украински деца од почетокот на војната.