Ниту САД, ниту Кина нема да победат од трговска војна, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон, Лиу Пенгвеи во денешното соопштение.
Тој изјави дека Џозеф и Џил Бајден ќе го исполнат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата.
Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека на 20 јануари ќе ги потпише сите потребни документи за воведување царина од 25 отсто за сите производи од Мексико и Канада што се увезуваат во САД и царина од 10 отсто за производите од Кина.
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста, годишна традиција што го означува почетокот на последната празнична сезона за демократите во Белата куќа.
Германските власти денеска, во време на зголемена тензија со Русија, соопштија дека прават попис на бункери и засолништа за населението во случај на напад и додадоа дека сакаат да го зголемат нивниот број.
Со тоа трошоците би ги надминале сегашните два отсто од БДП вложувања во армиите на земјите-членки, што беше поставено како актуелна цел на НАТО.
Норвешката безбедносна служба (ПСТ) денеска соопшти дека не пронашла докази за продолжување на истрагата за норвешка поврзаност при испораката на пејџерите што експлодираа во септември до Хезболах во Либан.
Рускиот државјанин Никита Журавел денеска беше осуден на 14 години затвор откако беше прогласен за виновен за велепредавство за наводно испраќање видео од руската војска до украинските разузнавачки служби.
Осум лица загинаа во семеен масакр во Турција. Бахтијар Аладај убил седум членови од своето семејство, меѓу кои детето, мајката, таткото, сопругата и нејзината мајка, а сериозно ја повредил сестра си, пред да се самоубие.
Десничарот Калин Ѓордеску и опозициската лидерка Елена Ласиони се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Романија, покажуваат резултатите од првиот круг одржан во неделата врз основа на 99,9 отсто преброени гласачки ливчиња.