Без вода во Киев останаа 80 отсто од корисниците „поради оштететување на електроенергетски објект во близина на градот“ по денешните руски воени напади, информираше градоначалникот Виталиј Кличко
Белата куќа денеска и утре ќе биде домаќин на втората меѓународна конференција за борба против Ransomware – „штетен софтвер со кој се бара откуп“, на која ќе присуствуваат 36 земји, како и претставници од некои од најголемите светски компании
Владата во Кишињев соопшти дека руски проектил соборен од украинската противвоздушна одбрана денеска паднал врз село во северна Молдавија
Франција работи на тоа да и дозволи на Украина да извезува храна по копнен пат преку Полска и Романија, изјави денеска министерот за земјоделство Марк Фено, откако Русија се повлече од клучниот договор за извоз среде војната со Украина
Јужнокорејските истражители денеска почнаа да ги прегледуваат снимките од повеќе од 50 државни и приватни безбедносни камери и социјалните мрежи во потрага по одговори за смртоносната забава на Ноќта на вештерките
Норвешка, која ги прекина субвенциите за заштита на Амазон за Бразил во 2019 година, кога претседател беше Жаир Болсонаро, ќе ја продолжи соработката со земјата по победата на Луис Инасио Лула да Силва на претседателските избори
Украина соопшти дека денеска кон државата од Русија биле испукани „повеќе од 50“ крстосувачки ракети што резултирало со прекини на струја во неколку региони
Израелците утре ќе гласаат на парламентарните избори, петти за 43 месеци, а според анкетите, трката ќе биде тесна и тешко е да се предвидат резултатите
Изборната администрација на Бразил соопшти дека Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро и стана нов претседател на државата
Бројот на загинати лица при уривањето на мостот во Гуџарат во Индија се зголеми на 132, соопшти денеска локален функционер, јавија дел од британските медиуми