Русија одлучи да го направи построг контроверзниот Закон за странски агенти. Отсега сите организации или поединци кои примиле каква било поддршка од странство или се под некаков облик на странско влијание, ќе бидат гледани како странски агенти
Синот на соборениот диктатор, Фердинанд Маркос Помладиот денеска положи заклетва за претседател на Филипините
Доколку лидерите на Г7 би ја соблекле облеката на неодамнешниот самит во Германија, тоа би било „одвратна глетка“, смета рускиот претседател Владимир Путин.Лидерите на Г7 додека позираа за заедничка фотографија, се пошегуваа околу склоноста на Путин кон фотографии без маица
Рускиот претседател Владимир Путин сè уште сака да го окупира поголемиот дел од Украина, но неговите сили се толку исцрпени од борбите што веројатно ќе можат само постепено да напредуваат во блиска иднина, изјави вчера шефицата на американските разузнавачки служби Аврил Хејнс
Тоа што рускиот претседател Владимир Путин го направи во Украина е злобно, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, додека британската Влада објави за дополнителна воена помош во вредност од милијарда фунти за Киев
Амнести интернешенал (АИ) заклучи дека рускиот воздушен напад во март, врз театарот во украинскиот град Мариупол, е воено злосторство
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус предупреди дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД со која се укина правото на абортус на федерално ниво ќе предизвика здравствени проблеми и смртни случаи
Во обид да го намали ценовниот удар на бензинските пумпи летово француската компанија „ТоталЕнерџи“ денеска треба официјално да го соопшти намалувањето од 12 центи за литар гориво на сите свои пумпи на автопатите, дознава весникот „Паризиен“
Индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон за обновување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, завршија без напредокот на што се надеваа посредниците од Европската Унија, информираше на Твитер претставникот на ЕУ, Енрике Мора
По 148 рочишта, дваесетте обвинети за масакрот во Париз од 2015 година беа осудени на казни од две години до доживотен затвор