САД оваа недела ќе објават купување напреден одбранбен систем земја-воздух со среден до голем дострел за Украина, изјави за западни медиуми извор запознаен со тоа прашање
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе присуствува на состанокот со лидерите на Шведска и Финска во вторник, пред самитот на НАТО во Мадрид, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин
Турските власти се уште не гледаат конкретни чекори од Шведска и Финска за да ја принудат Анкара да ја преиспита својата позиција за пристапувањето во НАТО на двете северни земји, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај за Си-Ен-Ен-Турк.
Врховната рада ја обвини Русија дека украла повеќе од 500.000 тони жито од два окупирани украински региони.
Руските медиуми објавија дека украинските сили нападнале нафтена платформа во Црно Море, што е во сопственост на кримската нафтена компанија „Черноморнефтгаз“.
Канада денеска испрати два воени брода во Балтичкото Море и во Северниот Атлантик, кои им се придружат на двете фрегати, што веќе се во регионот за да го зајакнат источното крило на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија.
Турската полиција денеска насилно интервенираше на Парадата на гордоста во Истанбул и уапси десетици лица, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес.
Групата седум најразвиени земји (Г-7) на овогодишниот Самит во Елма официјално иницира глобално инфраструктурно и инвестициско партнерство, чија цел е да го намали кинеското влијание во земјите во развој.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Елмау изјави дека санкциите воведени од западните држави кон Русија поради агресијата врз Украина имаат „длабоко влијание“.