Агенцијата на Европската унија за соработка на правосудните органи Евроџаст денеска објави дека им помогнала на Полска, Литванија и Украина да формираат заеднички тим за истрага на воените злосторства, злосторствата против човештвото и други злосторства извршени во Украина.
Руските медиуми пренесуваат дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е близок до Владимир Путин, пристигнал во Мариупол за да го подигне борбениот дух на неговите борци кои учествуваат во нападот на тој голем пристаништен град во југоисточна Украина.
Украинците кои работат на одржувањето на нуклеарната централа во Чернобил, велат дека руските војници, кои ја зазедоа нуклеарката, подигнале облаци од радиоактивна прашина кога возеле низ најзагадената област.
Сопругата на Навас, Андреа Салас, објави на социјалните мрежи пораки од хуманитарни организации, апелирајќи на неколку светски јазици за „помош за деца со мајки и млади лица, кои се сами, а кои не поседуваат ништо друго освен облеката на нив“.
Речиси половина од Американците се загрижени од тоа Русија да не го насочи директно своето нуклеарно оружје кон САД, уште тројца од десетмина донекаде се загрижени за тоа, се дознава од анкета на АП.
Украина не смее да биде продадена во мировните преговори со Русија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас.
Претходно, во извештајот на Волстрит Џурнал се тврдеше дека три лица кои присуствувале на разговорите во Киев имале црвенило на очите, постојани и болни солзи и излупена кожа на нивните лица и раце.
Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел смета дека прекинот на работата на рускиот весник Новаја Газета е резултат на систематска пресметка на руските власти со независните медиуми во Русија, вклучително и меѓународните медиуми и социјалните мрежи.
Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.
Министрите за внатрешни работи на ЕУ се согласија да создадат заеднички план за борба против трговијата со луѓе за да помогнат во заштитата на луѓето од ризиците по бегството од војната во Украина.