Најмалку едно лице загина, а повеќе од 17.000 мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од првата тропска бура на Филипините оваа година
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор вчера лесно го преживеа референдумот за тоа дали да поднесе оставка или да го заврши својот мандат, гласање што беше обележано со слаб одѕив, покажуваат првичните резултати
Програмата на „Франс Интер“ синоќа била хакирана и имало пречки во слушањето и емитувањето на нејзината ФМ мрежа во Париз Ест кога биле објавени првите резултати од првиот круг на претседателските избори, во моментите кога се емитуваше говор „против политичари, технократи или дури и новинари“
Според првичната анкета објавена од Ипсос Сопра Стериа за Франс телвизион, Радио Франс, Франс 24, РФИ-МЦД, Публик Сенат-ЛЦП Асачбле насионал и Паризиен журдуи, во вториот круг Емануел Макрон би добил 54, наспроти 46 отсто од гласовите за Марин Ле Пен
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека повлекувањето на руските сили не значи дека се откажале од заземање на главниот град на Украина
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба вчера изјави дека Германија и Франција во 2008 година направиле стратешка грешка кога се спротивставиле на членството на Украина во НАТО
Емануел Макрон, кој им се обрати на неговите симпатизери од неговиот штаб лоциран на Порт де Версај, прво им оддаде почит на сите кандидати присутни во првиот круг, заблагодарувајќи се за пружената доверба, давајќи ги ориентациите на неговата програма за која ќе се гласа на 24 април
Пакистанскиот Парламент денеска ќе избере нов премиер, откако поранешната крикер ѕвезда Имран Кан беше сменет од функцијата
Украинскиот претседател Володомир Зеленски ноќеска упати предупредување до нацијата дека престојната седмица ќе биде клучна, ништо помалку важна од претходните како и и секоја останата седмица мината во војна
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање ја нападна „руската политика на невистини“