Претседателот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека офанзивата во Украина нема да се спроведува само во Мариупол, туку и во главниот град Киев како и во другите украински градови
Лондонскиот весник „Тајмс“ објави дека Финска и Шведска се чини дека ќе се приклучат на НАТО уште ова лето
Израелските војници вчера во два одделни инциденти убија две Палестинки во Западен Брег
Полемичарот од крајната десница Ерик Земур, кој успеа да добие 7 отсто од гласовите според Ифоп, повика да се гласа за Марин Ле Пен во вториот круг на претседсателските избори во Франција, јави дописникот на МИА.
-Тоа е дека таа заврши да зборува, се слушна како Жан-Лук Меланшон беше нестрплив и чека Марин Ле Пен да ја заврши својата прес-конференција пред да земе збор.
Со само 1,9 отсто од гласовите според првите проценки, социјалистката забележа најнизок резултат во историјата на француската социјалистичка партија, таа повика во вториот круг да се гласа за Емануел Макрон.
Марин Ле Пен, кандидатката на Националниот собир-крајно десничарска партија, повторно се најде во вториот круг на претседателските избори, наспроти Емануел Макрон. Таа ги повикува „сите кои не гласале за Емануел Макрон“ да и се придружат, јави дописникот на МИА.
Кандидатката на Републиканците Валери Пекрес, која според Ифоп освоила 4,7 отсто од гласовите, најнизок резултат на партијата во историјата на претседателските избори во Франција, изјави дека во вториот круг ќе гласа за Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.
Во вториот круг на претседателските избори во Франција ќе се најдат Емануел Макрон и Марин Ле Пен како што покажуваат првите проценки по затворањето на гласачките места во 20 часот.Ова е повторување на вториот круг од 2017 година, јавува дописникот на МИА.
Иларионов изјави дека Русија „не ги сфаќа сериозно“ заканите на другите земји дека ќе ја намалат употребата на руските енергенси, пренесува Би-би-си.