Суданскиот дипломат Амин Авад е именуван за кризен координатор на ОН за Украина
Полска, Чешка и Бугарија вчера соопштија дека од денеска го затвораат својот воздушен простор за руските авиокомпании како одговор на руската инвазија на Украина
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба вечерва соопшти дека Русија се обидува да ја „дехуманизира“ Украина
Познатиот руски диригент Валери Гергиев и пијанистот Денис Мацуев се исфрлени од програмата на Карнеги хол во Њујорк, поради нивната поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, чија армија вчера започна агресивен воен напад против Украина
Само во првиот ден од руската инвазија врз Украина соседна Словачка регистрирала повеќе од 7.000 гранични преминувања од украинска страна
Папата Франциск на својот Твитер налог објави антивоена порака на украински, руски и англиски јазик, велејќи дека „секоја војна го остава нашиот свет во полоша состојба отколку што бил претходно“
Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржаа 40-минутен телефонски разговор, на тема санкциите за Русија и американската одбранбена помош за Украина
Првите британски војници и камиони со дополнителна опрема стигнаа до Естонија за да го зајакнат тамошниот баталјон на НАТО
Вонредниот самит на НАТО лидерите заедно со партнерите од Шведска и Финска се заврши со нова остра осуда за руската инвазија на Украина и зајакнување на военото присуство на НАТО на истокот
Белорусите заслужуваат подобро отколку да станат руски вазали, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан за време на состанокот со белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја во Париз