Само револуција ќе го собори Владимир Путин од власта, изјави денеска Михаил Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија, пред да падне во немилоста на Кремљ, додавајќи дека очекува рускиот претседател да продолжи да ги задушува протестите во земјата по инвазијата на Украина
Естонската Агенција за заштита на потрошувачите и технички регулативи (TTJA) денеска, на една година, го забрани емитувањето на руските канали РТР Планета, НТВ Мир, Росија 24 и ТВ Центар Интернационал. Слична забрана беше воведена и за телевизијата Белорусија 24
Талибанците покажаа подготвеност да им дозволат на авганистанските девојчиња да одат на училиште од следниот месец, што е едно од главните барања на меѓународната заедница, изјави денеска новата извршна директорка на УНИЦЕФ, Катарина Расел
Во авионот имало руски падобранци, соопшти на Твитер началникот на Генералштабот на украинската војска, Валериј Залужни.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто предлогот им го дала на рускиот колега Сергеј Лавров и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.
На гласањето во зградата нa Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата. Кина се воздржа од изјаснување, заедно со уште две земји членки на 15-члениот форум на Светската органзиација.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во видео порака до нацијата најави дека земјата и особено главниот град Киев ги очекува тешка ноќ, бидејќи се очекува руската армија да се обиде да упадне во Киев, пренесе ДПА.
Руската армија вечерва без отпор влезе во украинскиот град Мелитопол, на југот од Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
Прес секретарот на украинскиот претседател, Серхиј Никифоров вечерва на Фејсбук објави дека „Украина е подготвена да разговара за прекин на огнот и мир, а во тек се консултации за местото и времето на преговарачкиот процес со Русија“, пренесе украинската агенција Укринформ.
Руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина.