Украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова денеска изјави дека нападите од Русија врз Украина стануваат „побрутални“, но дека руските сили не напредувале како што било планирано.
-Ако претседателот (Владимир) Путин е сериозен за преговори, треба да запре веднаш со агресијата, да ја деескалира ситуацијата и да ја врати назад војската, изјави Прајс на денешниот брифинг за новинарите.
ЕУ воведе санкции за рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Би-Би- Си потсетува дека станува збор за замрзнување на имотот, а не забрана за патување. Велика Британија ги воведува истите санкции веднаш.
Руската војска, наводно, ја уништила термоцентралата во Киев, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, што е знак дека руската армија е насочена кон критичната инфраструктура во главниот град, јави Гардијан.
Кремљ денеска соопшти дека на Украина и предложи преговори во белорускиот главен град Минск, но нагласи и дека Украина во моментов одолговлекува со одговорот, откако претходно побарала средбата да се одржи во Варшава.
На контролните пунктови во Киев може да се видат мажи во тренерки и фармерки со пушки на грб, а млади доброволци кои лежат на земја зад противтенковски оружја се скриени меѓу дрвјата покрај патот, јавува репортерот на Би-Би-Си од главниот град на Украина.
Украинското Министерство за енергетика ја обвини Русија дека не ги почитува безбедносните протоколи во нуклеарната централа во Чернобил, која вчера ја зазеде по неколкучасовни борби, пренесе Скај њуз .
Природниот гас продолжува да тече нормално од Русија во Европа, со оглед на тоа дека обемот на гас што се испумпува преку гасоводот Северен тек 1 само малку флуктуира во последните денови, јави ДПА.
Зеленски со ова видео сака да ги демантира шпекулациите дека побегнал од Украина.
Русија денеска презеде мерки за делумно ограничување на пристапот до Фејсбук, соопшти руското регулаторно тело за комуникации, информации, технологија и масовни медиуми – Роскомнадзор.