УНИЦЕФ соопшти дека ќе им исплати плати на авганистанските наставници за најмалку два месеца, бидејќи тие со месеци немаат приход поради економската криза по меѓународните санкции наметнати на талибанските власти
Кремљ денеска соопшти дека е прерано да се организира самит меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, откако Париз најави можност за средба за смирување на тензиите околу Украина
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел треба да разговараат за најновите случувања во украинскиот конфликт, по викендот на зголемени тензии во Донбас, каде имаше жртви, пријавени од двете страни
Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social), развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е достапна во „Апстор“ (AppStore) од денеска – 21 февруари
Американската администрација подготвува првичен пакет санкции против Русија, што вклучува забрана на американските финансиски институции да обработуваат трансакции на големи руски банки, објавија западни медиуми, повикувајќи се на свои извори
Русија нема намера да навлезе на Украина, тоа беше одразено во одговорот до Вашингтон за гаранциите за безбедност што беше предаден на 17 февруари, изјави синоќа за Си-би-ес рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов
Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласија за самит за Украина, со што најверојатно е можен пат за излез од една од најопасните европски кризи во изминатитеите децении
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ветувањата на рускиот претседател Владимир Путин на неговиот француски колега Емануел Макрон се добредојден знак дека тој сепак е подготвен да се вклучи во изнаоѓање дипломатско решение за украинската криза
Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер покани повеќе од 20 претставници на влади од ЕУ и од Западен Балкан во Виена на конференција за „репатријација на мигранти“
Доминиканската Влада почна да гради ѕид долг 392 километри што ќе покрива повеќе од половина од границата со Хаити, неговиот единствен копнен сосед, со цел да спречат нерегулирана миграција и шверц на стоки, оружје и дрога