На 31 октомври во Глазгов почнува конференцијата за климата COP-26, која ќе трае две недели, и на која ќе присуствуваат околу 20.000 учесници, вклучително и шефови на држави и влади од 120 земји
Банките во еврозоната планираат да ги заострат критериумите за доделување станбени и корпоративни кредити на крајот на годината, додека критериумите за потрошувачки кредити треба да се релаксираат, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).
Суд во рускиот југозападен град Астрахан осуди четворица Јеховини сведоци на долги затворски казни во рамки на пресметката со следбениците на таа религиозна група низ целата земја, јави Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Новата компанија Urban Blue ги спои италијанските аеродроми Aeroporti di Roma од инфраструктурната групација Atlantia, Aeroporto di Venezia, Aeroporto Guglielmo Marconi di Bologna и францускиот аеродром Aeroports de la Azur.
Куба следниот месец ќе ги отвори границите и ќе ги олесни условите за влез во земјата, откако повеќето Кубанци се вакцинирани со домашни вакцини против коронавирусот.
Европската агенција соопшти дека циркулацијата на грипот во Хрватска веќе го надминала сезонскиот праг, што е „невообичаено рано“, пренесува „Политико“.
Бензинските пумпи во Иран не работат поради „хакерски напад“, соопшти денеска највисокото безбедносно тело во земјата, јави ДПА.
Германската компанија Бионтек, која разви вакцина против коронавирус со американскиот фармацевтски гигант Фајзер, денеска соопшти дека следната година планира да почне со изградба на фабрика за вакцини во Африка.
Компанијата Модерна денеска соопшти дека ќе и достави на Африканската унија (АУ) 110 милиони дози од својата вакцина против коронавирус, а првите 15 милиони се очекува да бидат испорачани до крајот на годината.
Берзите во САД вчера изреагираа позитивно на новостите за отворање на САД за странски посетители, индексите на Нaсдак и, Доу Џонс порасна за 36.6 и 60.