Во текот на изминатите години на граѓанска војна во Јемен се убиени или ранети повеќе од 10.000 деца, соопшти денеска УНИЦЕФ.
До 2060 година, фискалниот притисок врз членка на ОЕЦД може да се зголеми за осум процентни поени од БДП, доколку владите се стремат да го одржат сегашниот стандард за јавни услуги и социјални права, смета ОЕЦД.
Новата талибанска влада денеска соопшти дека се надева дека ќе постигне напредок во разговорите со новиот американски специјален пратеник за Авганистан, Том Вест.
Група луѓе кои преживеаја масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.
Москва тргнува од премисата дека НАТО треба да го направи првиот чекор кон нормализација на односите со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Полска одлучи да го распушти дисциплинскиот совет на Врховниот суд во согласност со барањата на Европската унија, соопшти денеска премиерот Матеуш Моравиецки.
Руската вицепремиерка Татјана Голикова ја повика владата од 30 октомври до 7 ноември да воведе неработни денови за да го спречи натамошниот рекорден раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 и смртните случаи.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, протестите продолжуваат и пред училиштата каде се забележува дека се фрлени димни бомби.
Најновата анкета на Галуп, аналитичка компанијa со седиште во Вашингтон, насловена „Рејтинг на светските лидери, САД наспроти Германија, Кина и Русија“.
Најголемата сончева електрана во Австрија се гради кај аеродромот во Виена. Осум сончеви централи ќе произведуваат речиси третина од годишната потрошувачка на енергија на аеродромот, што е еднакво на потрошувачката на 7.000 домаќинства.