Катар помогна да се организира состанок меѓу Вилијам Барнс, директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), и талибанскиот водач Абдул Гани Барадар, објави Си Ен Ен.
Во 1984 година, околу 16 луѓе загинаа во близина на Мерида, а во 2005 година бурите однесоа неколку десетици животи.
Ефикасноста на вакцините на Фајзер и на Модерна против Ковид-19 е намалена од 91 на 66 отсто откако делта сојот е доминантен во САД, покажуваат резултатите од студијата што ја испитуваше ефикасноста во реални услови.
Инцидентот се случил додека на говорницата бил пратеникот на владејачката партија „Граѓански договор“, Ајк Саркисјан кој ја критикувал работата на претходните министри за одбрана.
Околу 1.500 американски државјани можеби ќе треба да бидат евакуирани од Авганистан по крајот на август, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Светската здравствена организација (СЗО) не е подготвена во оваа фаза да препорача дополнителни дози на вакцина против коронавирус за да се подобри заштитата, изјави денеска на брифинг главниот научник на СЗО Сумија Сваминанатан.
Во исто време, Сухаил Шахин, портпарол на талибанската политичка канцеларија во Доха, на Твитер информира дека навременото заминување на меѓународните трупи од Авганистан ќе биде предуслов за продолжување на цивилните летови.
Според Обединетите нации, Мадагаскар е на работ да го доживее првиот „глад во светот поради климатските промени“. ОН посочува дека десетици илјади луѓе веќе страдаат од „катастрофално“ ниво на глад и неизвесност за храна по четири години без дожд.
Напаѓач вооружен со автоматска пушка уби тројца полицајци и член на приватно обезбедување пред зградата на француската амбасада во главниот град на Танзанија, Дар ес Салам, пред да биде убиен, соопшти денеска полицијата.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека веднаш мора да започне вакцинација против коронавирус на сите припадници на армијата.