Голем пожар избувна во хотелот Нуево во Мадрид, а голем пламен се издига од едниот агол од фасадата на висококатницата.
Европскиот суд на правдата времено ја суспендираше одлуката на Европскиот парламент за одземање на имунитетот на каталонските сепаратисти, кои се пратеници во тоа тело.
Снег падна во неколку турски провинции на брегот на Црното Море.
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша меморандум со кој се прогласува борбата против корупцијата во светот како една од клучните задачи во областа на националната безбедност. Ова го објави висок службеник на американската администрација за време на специјалниот телефонски брифинг околу таа иницијатива.
Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Унгарија, со која се оспорува постапката која против оваа земја ја покренаа пратеници поради кршење на заедничките вредности, се наведува во судската пресуда.
Група научници, предводени од Политехничкиот институт Ренселер во САД, известија за намалување на нивото на кислород во слатководните езера како резултат на глобалното затоплување. Резултатите од студијата беа објавени во списанието „Нејчр“
Либералниот опозициски градоначалник на Будимпешта Гергели Карачони денеска најави дека ќе ги преименува улиците во унгарскиот главен град во близина на местото каде што се планира кинескиот универзитетски кампус за на тој начин да им оддаде почит на оние чии човекови права ги крши Пекинг
Во Италија од утре почнува вакцинација против Ковид-19 за сите луѓе над 12 години
Одлуката на САД да санкционира тројца бугарски државјани инволвирани во продажба на пасоши поради корупција нема да има последици врз Европската Унија, но борбата против корупцијата останува во фокусот на ЕУ кога станува збор за Софија
Воените беспилотни летала можат сами да летаат до местото на конфликтот, да изберат цел и да ја елиминираат без учество на луѓе во целиот процес, наведуваат Обединетите нации