Јаир Лапид, кој вчера успеа да ја состави најневеројатната коалиција во историјата на Израел, е поранешен лидер на опозицијата и ТВ водител
Данска, богатата скандинавска земја која веќе има еден од најстрогите ставови за имиграцијата во Европа, денеска се подготвува да изгласа закон со кој ќе може да се формираат центри за азил надвор од Европа во кои барателите на азил ќе се остават на чекање до конечното решение за нивниот статус
СЗО предупреди на „зачудувачки хуманитарни потреби“ за окупираните палестински територии по последните напади, додека Црвениот крст повика да се соберат 16 милиони долари помош
Канадската министерка за домородни работи Каролин Бенет рече дека папата Франциск треба да издаде официјално извинување за улогата на Католичката црква во канадскиот интернатски училишен систем, неколку дена откако беа пронајдени остатоци од 205 деца во поранешното најголемо такво училиште
Во Кина повеќе од 680 милиони лица примиле барем една доза од вакцината против коронавирус, од кои половината тоа го сториле во мај, се наведува на сајтот „Нашиот свет во податоци“
Обвинителството на американската сојузна држава Минесота побара 30-годишна затворска казна за поранешниот полицаец Дерек Шовин, кој на судењето во април беше осуден за убиството на Џорџ Флојд во мај 2020 година
Белорускиот новинар Роман Проташевич, кој беше уапсен во мај откако авионот на „Рајанер“ со кој леташе за Вилнус принудно беше приземјен во Минск, во снимен видео материјал вели дека нема корист од повикувањето на протести
Руската група која стои зад хакерскиот напад врз компанијата за преработка на месо ЈБС работи под името РЕвил, изјави неименуван извор за Ројтерс
Танкер полн со хемикалии тоне покрај брегот на Шри Ланка и се стравува дека несреќата може да се претвори во еколошка катастрофа, пренесува Би-Би-Си
Во сите региони на Франција дојде до дефект на телефонската мрежа со броевите за итни случаи. Од овај досега најголем дефект беа погодени броевите за брза помош – 15, пожарната и спасувачите -18, за полицијата 17 и бројот за итни случаи -112, што се користи низ цела Европска унија