Ангела Меркел, вчера од Лондон, каде беше во последна посета на Велика Британија како германска канцеларка, изрази загриженост за дозволениот број на гледачи за полуфиналето и финалето на Европското фудбалско првенство во Велика Британија, каде што рапидно се шири позаразната делта варијанта на коронавирусот
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и вети поддршка на Литванија, земјата која се соочува со зголемен приток на илегални имигранти, претежно Ирачани, преку заедничката граница со Белорусија долга 679 километри
Обединетите нации вчера предупредија дека стотици илјади луѓе страдаат од глад во северниот етиописки регион Тигреј, и покрај примирјето што владата во Адис Абеба еднострано го прогласи неделава
Телата на уште две лица се пронајдени под урнатините на зградата во Мајами, на Флорида, со што бројот на жртвите се зголеми на 20, додека 128 лица се уште се водат за исчезнати
Светот е во многу опасен период на пандемијата на коронавирусот, а идентификувана е позаразната делта варијанта во речиси 100 земји, изјави шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреијус
Кремљ засега ја отфрла можноста за заклучување поради новиот бран на епидемијата со коронавирусот, иако четврти ден по ред има рекорден број на смртни случаи како резултат на појавата на делта сојот на вирусот
Шест милиони луѓе поднеле барање за статус за престој преку Системот за регистрација и престој на државјани на ЕУ (EU Settlement Scheme) пред крајниот рок на 30 јуни, соопштија денеска властите во Велика Британија
Економијата во еврозоната почнува да се опоравува од падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, но закрепнувањето и натаму е кревко, изјави денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард
Извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимерманс, одби да биде дел од традиционалната институционална фотографија помеѓу членовите на Европската Комисија и новата земја претседавач со ЕУ поради политиката на Јанша
За време на денешната седница на Врховната рада, украинскиот министер, Андриј Таран, на подарок доби неколку чифта женски чевли со високи потпетици