Јужноафриканската варијанта на коронавирус е откриена во Полска, потврди денеска министерот за здравство Адам Ниџиелски кога неговото Министерство соопшти дека започнува трет бран на инфекцијата во земјата и дека има големо дневно зголемување на бројот на случаи.
Политиката на Западот, чија цел е да ја совлада и потисне Русија, остана непроменета, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Данска донесе одлука да ја продолжи за три седмици суспензијата на вакцинацијата со АстраЗенека, со цел да почека да заврши својата истрага за можна поврзаност на вакцината со згрутчување на крвта, јави локалната телевизија ТВ2
Во главниот град на Мавританија, Нуакшот, уапсен е засега неименуван човек, кој киднапираше патнички авион на аеродромот „Нуакшот” и се закануваше дека ќе го разнесе, јави телевизијата Ал-Арабија
Здравствената состојба на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е „задоволителна”, соопшти денеска Федералната казнено-поправна служба, откако неговите роднини вчера беа вознемирени и рекоа дека неговото здравје се влошува откако е испратен в затвор
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нејзиниот безбедносен одбор ќе свика состанок на експерти на 29 март за да продолжи да ги испитува и проценува пријавените случаи на згрутчување на крвта поврзани со вакцината против Ковид-19 развиена од АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет
Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ќе ја одржи првата прес-конференција откако во јануари стапи на функцијата, јави Гласот на Америка
Белата куќа денеска соопшти дека ќе издвои дополнителни 10 милијарди долари за поттикнување повисоки стапки на вакцинација во енклавите каде што живеат малцинства, луѓе со ниски приходи и во руралните делови на земјата
Испораката на вакцини против Ковид-19 до најсиромашните земји во рамки на системот Ковакс ќе доцни затоа што Индија не дава дозвола за извоз на препарати од таа земја, каде е зголемена домашната побарувачка за вакцини, соопшти Меѓународната алијанса за вакцини Гави
Московските власти може да ја укинат забраната за одржување масовни настани до Денот на победата, со цел да се одржи марш на „Бесмртниот полк” во вообичаен формат