Американскиот претседател Џо Бајден ја задолжи својата заменичка Камала Харис да управува со чувствителното прашање за приливот на мигранти на границата меѓу САД и Мексико
Десниот екстремизам е најголемата закана за демократскиот поредок во Германија, предупреди федералниот јавен обвинител Питер Франк во текст објавен денеска
Откако САД пред неколку дена ветија дека дел од своите резерви со вакцини ќе ги сподели со Мексико и Канада, вчера и неколку карипски островски држави побараа од Вашингтон да ги сподели со нивниот регион залихите со вакцини против коронавирус
Најпопуларните американски медиуми изгубија голем број гледачи и читатели по завршувањето на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Олга Михајлова, адвокатката на рускиот опозиционер Алексеј Навални, тврди дека неговата здравствена состојба е влошена откако е префрлен во казнената колонија Покров.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го коментираше случајот со шпионската руска мрежа во Бугарија и според него, тоа е напад врз суверенитетот на една земја и не може да остане без последици, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Водечките светски банки по тригодишниот раст го намалија финансирањето на производителите на фосилни горива за девет проценти во пандемиската 2020 година, се наведува во денеска објавениот извештај на повеќе невладини организации (меѓу кои и Rainforest Action Network, Reclaim Finance, Oil Change International).
Француската војска соопшти дека запленила шест тони кокаин во вредност од милијарда евра на товарен брод што пловел крај западниот брег на Африка.
Директорката на Унгарското јавно здравство, Сесилија Мулер денеска изјави дека болниците во земјата се под огромен притисок поради зголемениот број на случаи со Ковид-19, и дека стотици волонтери одлучија да им помогнат на здравствените работници во лекувањето на пациенти.
САД нема да бараат од своите сојузници да избираат помеѓу Вашингтон и Пекинг, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во обрајќањето пред НАТО.