Интернет-страната Глобал Фајрпауер секоја година од 2006 година го објавува својот годишен извештај и ранг-листата на национални вооружени сили, од најсилни до најслаби
Новите случаи на коронавирус во Холандија го достигнаа највисокото ниво од средината на јануари – во последните 24 часа регистрирани се 6.396 новозаразени, соопшти Националниот институт за здравство.
Руската полиција денеска уапси околу 200 учесници на форум за независни членови на општинските и градските совети.
Продавниците, рестораните и училиштата во поголем дел од Италија од понеделник ќе бидат затворени поради опасност од нов бран на епидемија на коронавирусот
Полска регистрира 21.049 нови случаи на коронавирус за еден ден, што е најголемо дневно зголемување на бројот на новозаразени лица од 20 ноември, соопшти Министерството за здравство во Варшава
Јорданскиот министер за здравство Назир Обејдат поднесе оставка откако најмалку шест пациенти починале во болница во близина на главниот град Аман, поради прекин во снабдувањето со кислород, јавија јорданските државни медиуми
Лидерите на пет членки на Европската унија денеска повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики“ меѓу земјите членки
Кина има намера да вакцинира 70 до 80 проценти од својата популација против коронавирус до крајот на оваа или средината на 2022 година, изјави Гао Фу, директор на кинескиот Центар за контрола на болести
Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) ги прогласи пет кинески компании за закана за националната безбедност на САД според законот од 2019 година, кој има за цел заштита на американските комуникациски мрежи
Предлогот за воведување на таканаречениот „ковид пасош“ за слободно движење низ земјите на ЕУ, кој ќе биде ставен на разгледување на 17 март, ќе важи само за вакцините кои ги одобрила Европската комисија за лекови