Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска изјави дека санкциите на Европската унија кон официјална Москва поради нејзините постапки против опозицискиот лидер Алексеј Навални покажаа дека ЕУ е целосно обединета во одбраната на своите интереси
Германската Федерална канцеларија за заштита на уставниот поредок ја стави партијата Алтернатива за Германија (АфД) на листата на потенцијално екстремни десничарски партии, со што се дозволува набљудување на АфД со разузнавачки методи
Европската Комисија предлага да се продолжат правилата за буџетска флексибилност и во 2022
Папата Франциск денеска изјави дека в петок ќе го посети Ирак, и побара од верниците да се молат неговата „посета да се одржи на најдобар можен начин и да ги даде посакуваните плодови“
Лидерот на партијата Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да биде иден косовски премиер по победата на неговата партија на парламентарните избори на 14 февруари, им упати писма на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во кои им се заблагодари за честитките за изборната победа, но не го спомна прашањето на отворањето на амбасадата на Косово во Ерусалим
Основачот на „Алибаба“ и „Ант груп“, Џек Ма ја загуби титулата најбогат Кинез, откако неговата „империја“ беше ставена под строга контрола на кинеските регулатори
Јапонскикот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека Владата разгледува двонеделно продолжување на вонредната состојба на подрачјето на Токио поради забавениот пад на број на инфицирани лица со Ковид-19
Унгарската владејачка десничарска партија Фидес денеска ја напушти Европската народна конзервативна група (ЕПП) во Европскиот парламент, соопшти премиерот Виктор Орбан
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека последните санкции на САД и Европската унија против руски лица и организации поради случајот Навални се интервенција во внатрешните работи на Русија и се неприфатливи
Американскиот Сенат со 85 наспроти 15 гласа ја потврди гувернерката на Род Ајленд Џина Рајмондо за шефица на американскиот Секретаријат за трговија