Италијанскиот премиер Марио Драги потпиша нов указ за анти-ковид мерки, кој ќе стапи во сила на 6 март и ќе трае до после католичкиот Велигден, во април, јави агенцијата Анса
Во Украина во последните 24 часа се хоспитализирани рекорден број на пациенти со коронавирус, а и бројот на смртни случаи е голем
Пред отворањето на центарот за тестирање на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, утрово одекна експлозија, но во несреќата нема повредени
Безбедносните сили во Мјанмар продолжија со употреба на сила против демонстрантите, и денеска отворија оган на повеќе места за да ги растурат протестите против воената хунта, при што се повредени неколку лица, јавија локалните медиуми
Австралискиот државен обвинител Кристијан Портер потврди дека тој е досега неименуванит министер во кабинетот, чија оставка ја бара дел од јавноста по обвинувањата дека силувал тинејџерка (16) пред повеќе од 30 години
Целта на администрацијата на САД е да го прекинат дијалогот меѓу Косово и Србија со договор за заемно признавање, изјави Метју Палмер, висок американски дипломат одговорен за Западен Балкан
Спејс-Икс гради нова фабрика во Тексас за своите сателити „Старлинк“, соопшти компанијата, што потврдува дека нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск продолжува да вложува во оваа американска сојузна држава
Најмалку 10 ракети денеска беа истрелани кон ирачката воена база во западен Ирак, каде се стационирани коалицициските трупи предводени од САД, рече портпаролот на коалицијата
За време на карантинот поради коронавирусот, училиштата за скоро 168 милиони ученици ширум светот се затворени речиси една година, соопшти УНИЦЕФ предупредувајќи на катастрофалните последици за иднината на тие деца
Портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека САД направија непријателски, антируски чекор, откако веднаш одлучија да воведат нови санкции кон Русија, откако тоа го направи и Европската унија