Неколку илјади вработени во унгарските болници поднесоа оставки, осудувајќи ги новите државни договори за вработување, но раководството вчера се обиде да ги убеди да ја сменат својата одлука, тврдејќи дека Унгарија се соочува со трет бран на епидемијата на коронавирус
По идентификацијата на британската и јужноафриканската мутација на коронавирусот, во Словенија е потврдена и нигериската мутација, јави синоќа приватната телевизија ПОП ТВ
Во Тексас ќе биде укината одлуката за задолжително носење маски, а сите компании ќе започнат со работа со полн капацитет од следната недела, соопшти гувернерот на оваа американска држава, Грег Абот
Тинејџер од Хонг Конг стана најмладиот притвореник кој се изјасни за виновен за вмешаност во немири за време на масовните протести во 2019.
Во Бразил во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 1.641 лице, што е рекорден број смртни случаи регистрирани во земјата за еден ден, покажуваат податоците на локалното Министерство за здравство
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе имаат доволно вакцини за секој возрасен до крајот на мај, два месеци порано отколку што претходно проценуваше администрацијата
Директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, денеска на распитот пред сенатскиот Одбор за правосудство, изјави дека агенцијата моментално работи на околу 2.000 случаи на домашен тероризам.
Москва наскоро ќе одговори на санкциите на ЕУ, најави денеска постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, додавајќи дека станува збор за еднострано ограничување кое не може да донесе резултати, освен што Русија ќе преземе реципрочни мерки.
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој беше прогласен за виновен поради корупција и трговија со влијание, не ја исклучи можноста да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Кувајтскиот емир Наваф ал-Ахмед ал-Џабер ал-Сабах денеска го потпиша указот за формирање нова влада во земјата, јави кувајтската агенција КУНА.