Недозволивата реторика на Западот кон ситуацијата во Русија ќе биде на централната тема на претстојните разговори меѓу високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел и шефот на руската диломатија Сергеј Лавров, што ќе се оддржат утре во Москва, изјави денеска на брифинг портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.
Поранешниот претседател на Полска, Лех Валенса го предложи рускиот опозиционер Алексеј Навални за Новелова награда за мир.
Најмалку 147 лица се уапсени во Мјанмар по овонеделниот воен удар, вклучително активисти, пратеници и владини претставници, соопшти денеска Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП).
Цените на основните прехранбени производи во светот растеле осум месеци по ред заклучно со јануари 2021 година, достигајќи го максималното ниво споредено со јули 2014 година, соопшти Организацијата за храна и земјоделие на ОН (ФАО).
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска изјави дека е целосно посветен пред крајот на зимата да се почне со ублажување на строгите антиковид мерки.
Истражителите на Светска здравствена организација кои го испитуваа потеклото на Ковид-19 во Вухан истакнаа дека кинеската страна покажала високо ниво на соработка.
Пандемијата на коронавирусите нема да заврши се до 2024 година, кога ќе почне таканаречениот „постпандемиски“ период, што ќе биде многу сличен на „лудите дваесетти години“ на 20-от век, смета д-р Николас Христакис, научник од Јејл.
Пандемијата со Ковид-19 негативно влијае и врз глобалната индустрија на нафта и гас, покажуваат финансиските извештаи на водечките нафтени компании за 2020 година.
Две седмици по започнувањето со работа на новата администрација, повеќето Американци велат дека имаат барем одредена доверба во американскиот претседател Џо Бајден и неговата способност да управува со многуте кризи во нацијата, вклучително и пандемијата на коронавирус.
Папата Франциск е подготвен за историска средба со највисокиот ирачки шиитски муслимански свештеник, ајатолахот Али ал-Систани, за време на неговата посета на Ирак, закажана за март, потврди денеска патријархот на ирачката Калдејска католичка црква.