Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразиле вкупно 28.826,555 лица. Од нив починале 922.454 пациенти, а излекувани се 20.700,881 луѓе.
Катар најави нови реформи на пазарот на трудот, во обид да ги смири критиките околу третманот на работниците мигранти во пресрет на Светското фудбалско првенство во 2022 година,, јави Блумберг.
Фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд продолжија со клинички испитувања на вакцина против коронавирус, откако тестовите беа запрени поради болест кај еден од волонтерите, соопшти компанијата.
Унгарскиот диригент и композитор Иван Фишер направи заштитни маски кои го подобруваат квалитетот на звукот и кои ќе им овозможат на посетителите на концертите за време на пандемијата да уживаат во подобра акустика.
Според новиот нацрт за енергетска стратегија до 2040 година, Полска ги забрзува плановите за постепено напуштање на јагленот, пренесуваат локалните медиуми.
Полицијата во Техеран, главниот град на Иран, уапси пет лица обвинети за продажба на лажна вакцина против новиот вид на коронавирус, за која се претпоставува дека предизвикала смрт на шест лица
Ако избувнат демонстрации и нереди по претседателските избори на 3 ноември при потенцијална победа на Доналд Трамп, тие ќе бидат „многу брзо задушени“, изјави денеска американскиот претседател во интервју за Фокс Њуз
Во Унгарија, денеска се потврдени 916 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата, во период кога учениците се враќаат во училиштата
Германската полиција денеска соопшти дека запленила околу 250 парчиња огнено оружје и неколку илјади куршуми од човек за кој се претпоставува дека е симпатизер на крајната десница
Министерството за здравство на Филипините денеска соопшти дека во последните 24 часа е забележан рекорден број смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, дури 186, а тоа е и најголем дневен број на смртни случаи досега во земјите од Југоисточна Азија