Најмалку 22 лица се заразени со коронавирусот во старечки дом на периферијата на Милано, главниот град на Ломбардија, италијанскиот регион најтешко погоден од вирусот.
Најмалку 14 лица, меѓу кои и три деца, загинаа денеска, при експлозија на бомби поставени на патот, во два одвоени инциденти, во јужниот дел на Авганистан, соопштија властите.
Американски стратешки бомбардери Б-52 денеска прелетаа на територијата на сите 30 земји членки на НАТО со цел да демонстрираат солидарност во рамки на западната воена алијанса.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска апелираше до европските соседи на Франција подобро да ги координираат ограничувањата на границите затоа што коронавирусот повторно брзо се шири.
Историски пад на БДП на Франција, кој никогаш досега не бил забележан од почетокот на статистичките истражувања. Бруто домашниот производ на Франција, кој го мери националното богатство, падна за 13,8 отсто во вториот квартал на 2020 година, потврди ИНСЕЕ (Националниот институт за статистички и економкси студии), јави дописникот на МИА од Париз.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска на половина армија и нареди да влезе во состојба на борбена готовност, како одговор на она што тој смета за закана од Западот, јави агенцијата Белта.
Индиски научници откриле дека витаминот Б12 е во состојба да го блокира размножувањето на коронавирусот, а резултатите од истражувањето се објавени во списанието IUBMB Life.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе се влоши во наредните месеци и оти во тие околности приоритет на нејзината Влада ќе биде да му помогне на општеството како целина, особено на децата, како и на економијата.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска истакна дека е важно да се продолжат разговорите со Русија и покрај тензиите околу ситуацијата во Белорусија и сомневањата дека Кремљ наредил труење на Алексеј Навални, кој е пренесен во берлинска болница на лекување.
Ситуацијата во Белорусија, каде по претседателските избори избувнаа протести, се стабилизира и сега е време да се решат економските проблеми, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.