Во Франција денеска се регистрирани 6.111 нови случаи на коронавирусот, што е најмногу од укинувањето на карантинските мерки и второто најголемо дневно салдо регистрирано од почетокот на епидемијата.
Ураганот Лаура го погоди југозападниот дел на државата Луизијана како една од најсилните бури што некогаш ја погодија таа држава, а како што беше соопштено, официјалните информации се дека загинало едно девојче, но се верува дека има повеќе жртви.
Во последните 24 часа потврдени се 3.781 нови случаи на коронавирусот во Шпанија, што е за 200 повеќе од претходниот ден, изјави денеска координаторот на службата за итни случаи, Фернандо Симон.
Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот до сега се заразиле вкупно 24.477.427 лица. Од нив починале 832.459, а оздравеле 16.976.141 луѓе.
Тедрос тоа им го кажал на дипломатите во Женева, неколку часа пред закажаната прес-конференција.
Во последните 24 часа во Велика Британија се потврдени 1.522 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен пораст од 12 јуни и за 1.048 повеќе од вчера.
Шпанските ученици на возраст од шест и повеќе години ќе мора да носат маски на час, соопшти денеска Владата во Мадрид, откривајќи го планот за повторно отворање на училиштата само неколку дена пред почетокот на новата учебна година.
Градскиот Совет на Барселона денеска донесе одлука да ги одземе сите официјални одликувања доделени од тој град на поранешниот шпански крал Хуан Карлос, откако неговата канцеларијата се најде во корупцискиот скандал.
Полска денеска соопшти дека испратила протестна нота до белорускиот амбасадор поради „неосновани обвиненија“, откако белоруските медиуми објавија дека претседателот Александар Лукашенко ја обвинил Варшава дека планира да окупира дел од земјата ако кризата се влоши.
Европската унија ќе одвои два милиони евра во наредните денови, кои ќе бидат дистрибуирани преку невладини организации за поддршка на настраданите на протестите во Белорусија.