Австрија планира да воведе строги мерки на аеродромите и границите за време на Божиќните празници, кои ќе се однесуваат на патувања во земји со висок ризик, пишува „Кронен цајтунг“, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи
Флота од околу 20 танкери со американска нафта биле закупени само во декември да превезат педесетина милиони тони нафта од Мексикански залив во Кина, Јужна Кореја, Сингапур и други азиски земји, јави Блумберг
Според податоците на „Ворлдометерс“ (worldometers.info) Бројот на инфицирани со новиот коронавирус во светот денеска надмина над 64 милиони.
Организацијата „Прес емблем кампејн“ (Press Emblem Campaign) со седиште во Женева објави дека од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 во 56 држави починале 489 медиумски работници.
Во денешниот инцидент кога автомобил со голема брзина влета во пешаци во германскиот град Трир, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, загинаа најмалку четири лица, а 15 се повредени.
Авганистанските воени хеликоптери убиле две деца на возраст од 10 и 12 години и раниле уште најмалку две, додека две други се водат за исчезнати, во бомбардирање на едно село на истокот од провинцијата Газни, соопштија денеска регионални официјални претставници.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва тешко ќе го прифати барањето на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду, за повлекување на руските мировни сили од Транснистрија (Придњестовска Молдавска Република).
Руди Џулијани, личниот адвокат на Доналд Трамп, побарал потврда за помилување од претседателот, во случај да биде обвинет откако Трамп ќе ја напушти Белата куќа, јави денеска Њујорк тајмс.
Вработени во руската амбасада во Кабул претрпеле помали контузии во експлозија во близина на автомобилот на нивната дипломатска мисија, јавија руските медиуми.
Во судирите меѓу сомалиските владини сили и припадниците на милицијата ал-Шабаб неделава се убиени 66 лица, јави ДПА.