Додека носењето маска станува задолжително во многу градови, некои Французи се згрозени од оваа мерка, која, според нив, ја попречува нивната слобода.Сепак, противниците на маските во Франција сепак се многу малку, јави дописникот на МИА.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди дека Велика Британија ќе биде послаба доколу се раскине унијата на четирите нации.
Француското антитерористичко обвинителство отвори истрага за „убиството на француските државјани поврзани со терористички акт и здружување на криминалци-терористи“, по нападот во Нигер, во кој загинаа осум лица од кои шест се француски државјани, јави дописникот на МИА.
Во американската држава Њујорк 107 училишни окрузи не доставиле планови за повторно отворање на училиштата, изјави денеска гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.
Портпаролот на Белата куќа, Кејли Мекенани, денеска изјави дека САД се длабоко загрижени од ситуацијата со изборите во Белорусија и ја повикува белоруската Влада да не спречува мирни собири и да не применува насилство спрема демонстрантите.
Стотици луѓе денеска „го нападнаа„ трговскиот дел на Чикаго, каде се сместени голем број брендирани продавници, хотели, ретсорани и луксузни бутици, каде кршеа прозорци, ограбуваа продавници, конфонтирајќи се со полицијата, а во еден момент дури и иницираа престрелка со силите на редот, соопштија локалните власти.
Протестите во Либан поради големата експлозија во Бејрут продолжуваат, иако попладнево Владата предводена од Хасан Диаб поднесе оставка.
Пакетот акции во сопственост на генералниот директор на американскиот весник Њујорк тајмс, Марк Томпсон, кој треба да замине од функција во септември, чини 37 милиони долари.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска издаде указ за ослободување на последната група затвореници, што е беше услов од Талибанците за започнување мировните преговори, изјавија неименувани извори, пренесува Танјуг.
Жена загина во експлозија на гас во Балтимор, неколку лица се повредени, и неколку куќи се уништени.