Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) при американскиот Стејт департмент синоќа објави извештај на 77 страници насловен „Столбовите на екосистемот на руската дезинформација и пропаганда“.
Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, од денеска е под целосен карантин, што ќе трае шест недели, бидејќи властите се борат со вториот бран на коронавирусот.
Кина го зголеми бројот на тестови за коронавирус во последните неколку недели, така што на крајот на јули се тестираа 4,84 милиони луѓе дневно, изјави министерот за индустрија и информатичка технологија, Ванг Џианпинг.
САД се подготвени да платат и до 10 милиони долари за информации за луѓе кои, според Вашингтон, се обидуваат да се мешаат во изборите во САД, изјави државниот секретар Мајк Помпео на прес-конференција.
Гувернерот на централната јапонска префектура Аичи денеска објави вонредна состојба во тој регион, како резултат на зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот.
Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден нема да отпатува во Висконсин поради коронавирусот, каде ќе се одржи партиска конвенција за прифаќање на претседателската номинација на демократите, изјавија партиски функционери, а конвенцијата најверојатно ќе се одржи виртуелно.
Во пожар што избувна утрово во болница во западна Индија загинаа осум пациенти заболени од новиот коронавирус, соопштија официјални лица.
САД регистрираа 1.262 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19 во изминатите 24 часа, покажуваат податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“.
За првпат, Фејсбук блокираше содржина од официјалната страница на американскиот претседател Доналд Трамп, а Твитер одзеде можност целиот штаб на кампањата да објавува пораки со објаснување дека Трамп шири лажни информации за коронавирусот.
Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан откако во две огромни експлозии во вторникот вечерта загинаа повеќе од 100 луѓе и над 4.000 се повредени.