Поранешниот потпретседател на САД и кандидат на Демократската партија на престојните претседателски избори Џо Бајден соопшти дека планира да потроши 280 милиони американски долари за неговата изборна кампања.
Младите луѓе мора да го ограничат одењето на забави/дружења за да помогнат во борбата против нови зголемувања на бројките на заразени со Ковид-19, соопштија официјалните претставници на Светската здравствена организација (СЗО).
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека говорот на конвенцијата на републиканците на кој треба да се потврди како кандидат за претседателските избори може да се одржи во живо од Белата куќа.
Пентагон нема докази дека експлозијата во либанскиот главен град била напад, како што претходно коментираше претседателот Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца неименувани извори во Пентагон.
Швајцарските здравствени власти одлучија патниците кои доаѓаат од Шпанија, со исклучок на Балеарските и Канарските Остроци, да мора да бидат во карантин 10 дена, со цел да се сузбие ширењето на новиот коронавирус.
Полската полиција побара од граѓаните да ги информираат органите на редот ако евентуално добијат сомнителни пакети со семиња од Кина, а не ги порачале.
Девојките во Германија учеле позасилено и повеќе време минувале на креативни проекти отколку момчињата за време на германската блокада поради коронавирусот, но и девојчињата и момчињата повеќе ги нервираат своите родители отколку пред затворањето на училиштата во март.
Вакцина против коронавирусот ќе биде достапна во 2020 и 2021 година, изјави водечкиот советник за пандемија на Владата на Велика Британија за Би-Би-Си.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон утре ќе отпатува за Либан, за да се сретне со сите политички актери, по експлозијата што го разурна Бејрут при што загинаа најмалку сто лица, а илјадници се повредени, соопшти денеска Елисејската палата.
Италијанската државна управа за цивилно воздухопловство и се закани со ирската компанија Рајанер со поништување на одобрувањето за летови во државата поради непочитување на правилата за безбедност утврдени за време на епидемијата на коронавирус.