Иранските власти денеска соопштија дека го уапсиле лидерот на малку познатата опозициска група, Собрание на иранското кралство со седиште во Калифорнија, Џамшид Шармад, за наводно планирање на смртоносниот напад врз џамијата во Шираз во 2008 година во кој загина 14 и беа повредени повеќе од 200 луѓе
Илјадници незадоволни граѓани веќе трета недела протестираат во Хабаровск, главниот град на истоимениот регион на крајниот исток на Русија, поради апсењето на гувернерот Сергеј Фургал под обвинение за соучесништво во убиства пред да влезе во политика
Во Кенија вчера се регистрирани 723 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка надмина 20.000, соопшти Министерството за здравство
Во Берлин денеска се одржува протест против рестриктивните мерки воведени за борба против коронавирусот, под наслов „Крај на пандемијата – Ден на слободата“
Голем кран се урна за време на тест за оптоварување на државното бродоградилиште во јужниот индиски град Вишахапатнам, при што загинаа најмалку 11 работници
Американскиот имунолог Ентони Фаучи изрази сомнеж за безбедноста на вакцините за Ковид-19 што во моментот се испитуваат во Русија и во Кина
Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со Ковид-19, што е најголем дневен пораст од 9 мај
Претседателот на Камбоџанската конфедерација на синдикати Ронг Чун синоќа е приведен под обвинение дека поттикнувал немири со своите коментари за политички чувствителна тема за границата на Камбоџа со Виетнам
Во САД вчера беа регистрирани 1.453 смртни случаи од последици од Ковид-19, што е најголема бројка на починати во еден ден од 27 мај годинава
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е смешна одлуката на федералниот Апелациски суд за укинување на смртната казна на Џохар Царнајев