Вработените во Мајкрософт во САД ќе имаат можност да работат од дома најмалку до 19 јануари следната година поради пандемијата со новиот коронавирус, соопшти компанијата
Воениот суд во источниот дел на Либија го осуди новинарот Исмаил Бузриба ал Звеј на 15 години затвор поради кривични дела поврзани со тероризмот
Масовните и насилни немири на улиците во Штутгард и еден месец подоцна во Франкфурт, ја шокираа Германија
Британскиот премиер Борис Џонсон вчера именуваше 36 нови членови на Домот на лордовите, вклучително неговиот брат, неколкумина истакнати прврзаници на Брегзит, како и сопственик на медиуми, роден во Русија, чиј татко беше агент на КГБ
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 17.611.322 лица. Од нив починале 679.406, а оздравеле 11.015.941 лица.
Еден од најуспешните британски филмски режисери, Алан Паркер, почина денеска на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Руското Министерство за одбрна денеска соопшти дека упатило воен авион Су-27 да пресретне американски извидувачки авион над Црно Море.
Во судир помеѓу брз воз и машина за одржување железнички пруги во Португалија, загинаа две лица и повредени се најмалку 35, изјави шефот на националната служба за спасување. Седуммина од повредените се во критична состојба.
Лекарите и медицинските сестри на Малта денеска се заканија со штрајк поради тоа што најавените четири големи музички фестивали би можеле да бидат голем ризик за ширење на новиот коронавирус.
Министерството за надворешни работи на Германија ги повика граѓаните да ги одложат туристичките патувања кон Каталонија, Навара и Арагон на северот на Шпанија, затоа што расте загриженоста дека патувањата би можеле да донесат уште еден бран на инфекција со Ковид-19.