Астероидот „2009 Пи-кју-1“ ќе мине крај Земјата во август, но не претставува опасност за нашата планета, нагласи рускиот астрофизичар Јури Балега
Првите луѓе на најголемите технолошки компании Фејсбук, Епл, Амазон и Гугл денеска ќе присуствуваат на сослушување пред американските конгресмени, кои ќе се обидат да ја утврдат нивната пазарна моќ
Талибанците најавија тридневен прекин на огнот во Авганистан за време на муслиманскиот празник Курбан бајрам, кој почнува од 31 јули, јави агенцијата Анадолија
Насилни протести избувнаа во неколку американски градови во знак на солидарност со градот Портланд, каде што и покрај противењето на локалните власти, федералните безбедносни сили интервенираа по наредба на претседателот Доналд Трамп, кој во центарот на неговата изборна кампања за претседателските избори во ноември, го стави одржувањето на законот и редот, ги пренесува радио Слободна Европа (РСЕ) пишувањата на светските медиуми
Фармацевтската компанија Модерна планира да ја продава стандардната доза на вакцина против коронавирус по цена од 50 до 60 американски долари, што е за околу 11 американски долари повеќе од цената на вакцините што ќе ги продаваат „Фајзер“ и „БиоНТех“, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори
На десетици илјади лица во североисточна Јапонија денеска им е наредено да се евакуираат од своите домови, откако поројните дождови предизвикаа големи поплави, соопштија локалните власти, пренесе ДПА
Кинеските хакери во последните неколку месеци извршиле серија кибер напади врз компјутерските мрежи на Ватикан, наведува весникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на податоци на американската компанија за компјутерска безбедност „Рекордед Фјучр“
Италијанскиот Сенат, по барање на премиерот Џузепе Конте, донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 октомври
Белорускиот опозиционер Валери Цекало, кој минатата недела избега во Русија откако му беше забрането да се кандидира на претседателските избори закажани за следниот месец, соопшти дека можеби нема да може да се врати во земјата доколку актуелниот претседател Александар Лукашенко победи и освои нов мандат
ИБеј денеска ги надмина проценките на Вол Стрит за квартални деловни резултати, бидејќи онлајн трговската компанија имаше корист од скокот на купувањето преку Интернет