Вредноста на американскиот долар денеска забележа раст од двогодишниот минимум откако инвеститорите ја намалија продажбата на американската валута пред состаноот на Федералните резерви и во исчекување на завршување на политичката дебата во Конгресот на САД за следниот пакет фискални мерки за поддршка на економијата
Виетнам денеска прогласи двонеделен карантин во третиот град по големина во земјата, откако биле потврдени уште 15 случаи на заразени со коронавирус во болниците, соопшти Владата
Банките во еврозоната треба да ја одложат исплатата на дивиденди и за откуп на акции до 1 јануари следната година, советува Европската централна банка (ЕЦБ), јави ДПА
Руски воен авион Су-27 пресретна американски шпионски авион Р-8А Посејдон над Црно Море, кој, како што се наведува, ги „надгледувал“ руските јужни граници
Новартис ќе инвестира 150 милиони евра во целосно интегрирана фабрика за пеницилин во Австрија, наместо да го премести производството во Азија, објави швајцарската мултинационална компанија
Италијанската полиција синоќа соопшти дека во изминатите два дена, две групи од по стотина мигранти побегнале од центрите за мигранти на Сицилија, но оти сите се вратени во прифатните центри
Одлуката на Велика Британија да воведе задолжителен карантин за повратниците од Шпанија е неправедна, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез
Пет „инфлуенсерки“ од Египет се осудени на две години затвор и казна од речисио 19.000 долари поради „објавување непристојни видеа” на апликацијата Тик-Ток
Лидерите на шестте земји од Западен Балкан утре ќе учествуваат на видео-самит во Вашингтон, организиран од Атланскиот совет, а посветен на конкретните чекори за зајакнување на регионалната економска соработка и привлекувањето странски инвестиции, пренесе Бета
Агенциите за помош предупредуваат дека илјадници луѓе во Јемен би можел да починат од колера, бидејќи се премногу уплашени да побараат лекување во здраствените институции кои се пренатрупани од инфицираните со новиот коронавирус