Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да носат заштитни маски, доколку не можат да го задржат оддалеченост од други луѓе, и оцени дека ситуацијата во врска со коронавирусот веројатно ќе се влоши, а потоа ќе се подобри
Бројот на регистрирани случаи на новиот коронавирус во САД е далеку помал од реалниот број заразени лица, според податоците објавени од американската Влада, што беше мавестено со помало истражување минатиот месец
Повеќе од една петтина од населението на индиската сојузна држава Делхи биле инфицирани со новиот коронавирус, соопшти индискиот Национален центар за контрола на болестите
Според последните податоци, во светот до сега има вкупно 14.925.988 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 615.047, а оздравеле 8.959.124 луѓе.
Нарачките за септември на нафтата „Брент“ за првпат по 9 март ја надминаа границата од 44 американски долари за барел, се гледа од тргувањата на Интерконтиненталата берза (ИЦЕ) со седиште во Атланта, Џорџија.
Турција издала навигациска информација (NAVTEX) според која, во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Кастелоризо, од денеска до 2 август, планира да врши сеизмички истражувања објави грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека „според извори од Министерството за одбрана, армијата е во состојба на подготвеност и ги следи турските потези“, јави дописничката на МИА од Атина.
Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска достави предлог-закон до Парламентот, кој предвидува посилна контрола врз социјалните мрежи.
Москва и Техеран ќе ги вложат сите напори да го поддржат Заедничкиот сеопфатен акциски план за иранската нуклеарна програма и веруваат дека се уште има шанси да се зачува нуклеарниот договор, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со иранскиот колега Мохамед Џавад Зариф во Москва.
Американското Министерство за правда денеска обвини двајца хакери поврзани со кинеската Влада.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе собере научници и експерти од повеќе области за борба против дезинформациите, што е релативно нова опасност за јавното здравство, јави ДПА.