Цените на нафтата денска паднаа поради зголемениот број заразени со коронавирус во многу земји од светот, иако инвеститорите негуваат внимателен оптимизам за потенцијално откривање на вакцината за Ковид-19 и за тековните разговори за Фондот за закрепнување на економијата на Европската унија.
Електричните автомобили произведени во Кина ќе доминираат на глобалниот пазар, предвидува американското бизнис списание „Форбс“, наведувајќи дека Кина држи чекор со западниот свет кога станува збор за производството на ваков вид возила, па дури во некои сегменти и го надмина.
Турскиот министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, информира дека бродот „Фатих“ почнал со својата прва сондажа во Црното Море на локацијата Туна-1, јави агенцијата Анадолија.
Сириските противвоздушни одбранбени сили денеска пресретнале „непријателски цели“ над главниот град Дамаск, јавуваат државните медиуми во земјата.
Според Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД веќе има над 140.000 лица умрени како последица на инфекција со коронавирусот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати честитки до американскиот народ по повод Денот на истражувањето на вселената, што во САД се одбележува на 20 јули, и истакна дека земјата влегува во нова ера на освојување на вселената.
Пандемијата на коронавирусот им се заканува на 27 земји од светот со криза за храна, се наведува во заедничкиот извештај на Светската организација за храна и земјоделство (ФАО) и Светската програма за храна (WFP).
Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо денеска изјави дека другите држави направија грешка што ги послушаа повиците на американскиот претседател Доналд Трамп да се отворат за време на пандемијата.
Американскиот Стејт департмент денеска му воведе санкции на лидерот на руската Република Чеченија, Рамзан Кадиров, во кои е вклучена и забраната за влез во САД, поради обвиненија за наводни кршења на човековите права.
Напаѓач маскиран како доставувач на Федекс, пукал и го убил 20-годишниот син на американската федерална судијка Естер Салас.