Египетскиот Парламент денеска даде зелено светло за евентуално разместување на египетска војска надвор од нејзините граници, откако претседателот Абдел Фатах ал Сиси минатата недела зборуваше за потенцијални воени операции во соседна Либија.
Бомбаш самоубиец со камион се втурнал во воен конвој и убил најмалку осум авганистански војници, соопшти Министерството за одбрана.
Во Демократска Република Конго веќе има регистрирано 60 случаи на ебола, а погребите се посебна грижа за ширењето на болеста, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Автохтоните заедници, кои сочинуваат половина милион луѓе ширум светот, се особено ранливи на пандемијата на коронавирусот поради често лошите услови за живот, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Бахамите ќе го забранат пристигнувањето на американски посетители по неодамнешното зголемување на бројот на случаи со Ковид-19 во САД, соопштија надлежните власти во оваа земја.
Германската биотехнолошка компанија „Бајонтек“ и американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска објавија дополнителни податоци за нивната експериментална вакцина против Ковид-19, според кои вакцината е безбедна за употреба и кај оние што ја примиле предизвикува имунолошки одговор.
Министерот за труд на Тајланд, Чатамонго Сонакул, денеска поднесе оставка на функцијата.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, предвидува дека ЕУ оди кон нов предлог за голем пакет за обновување на економиите во Унијата по кризата со коронавирусот, со надеж дека ќе се деблокира четиридневниот ќорсокак на самитот во Брисел.
Неколку француски компании, меѓу кои и осигурителната компанија ММА, во моментов се цел на компјутерски напади, јави дописникот на МИА.