На 3 февруари 2007 година, 29-годишниот Египќанец, Абдалах Ел-Хамами, вооружен со мачета, во близина на музејот Лувр нападна група од четворица војници, при што тогаш беше сериозно повреден во стомакот, додека еден војник беше полесно повреден во пределот на главата, јави дописникот на МИА.
Словенија треба да спроведе реформи во пензиското и трудовото законодавство, да ги намали бариерите за конкуренцијата и за странските инвестиции и да го продолжи процесот на приватизација, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Земјотрес со јачина од пет степени го потресе југозападниот дел на Исланд, соопшти Државниот сеизмолошки институт.
Од денеска во Франција е задолжително носењето на заштитна маска во сите затворени јавни места, а во случај на непочитување на одредбата казната изнесува 135 евра, јави дописникот на МИА.
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на четвртиот ден од самитот за излез од економската криза во ЕУ изјави дека сите лидери на ЕУ покажуваат волја за решение, јави дописничката на МИА од Брисел.
Русија се надева дека со своите партнери, доколку клиничките испитувања се покажат успешни, до крајот на годинава ќе произведат околу 200 милиони дози на новата вакцина против коронавирусот.
Москва ги отфрла неоснованите обвинувања за вмешаност во кибер нападите врз германскиот Бундестаг во 2015 година и истите ги смета за обид за дискредитација на Русија, изјави претставникот на рускиот претседател за меѓународна соработка во областа на безбедноста на информациите, Андреј Кручих.
Вакцината против коронавирусот, што ја развива Универзитетот во Оксфорд, се чини дека е безбедна и го подготвува имунолошкиот систем.
Велика Британија ќе го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг, што е ескалација на спорот со Кина за законот за национална безбедност што Пекинг го воведе во оваа поранешна британска колонија, јавуваат британските медиуми.
Русија почна со изградба на нови бродови и нуклеарни подморници што ќе го зајакнат нејзиниот борбен потенцијал, изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата по повод почетокот на изградбата на воените бродови во бродоградилиштето „Залив“ на Крим