Американскиот фармацевтски концерн „Модерна инк“ објави дека конечните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе започнат на или околу 27 јули.
Италија се плаши од нов бран на Ковид-19 во источноевропските земји затоа што некои од нив, како Романија, се членка на Европската унија, додека во другите што не се членки на ЕУ, како што е Србија, е дозволен влез на територијата на Италија, наведува весникот „Република“.
Гладот на компаниите за пари во периодот од април до јули ги одразува многу големите потреби од итна ликвидност на фирмите, со оглед на тоа што голем дел од еврозоната беше блокиран поради пандемијата на коронавирусот, соопшти Европската централна банка врз основа на истражување спроведено во 144 банки
Поранешен вработен во иранското Министерство за одбрана, кој продавал информации на американската Централна разузнавачка агенција, е егзекутиран минатата недела, потврди иранското Обвинителство
Научниците од Единбург создадоа нов математички модел за кој веруваат дека ќе го подобри начинот на кој се предвидуваат земјотреси
Изборната комисија на Белорусија денеска ја одби кандидатурата на опозицискиот кандидат Виктор Бабарико за претстојните претседателски избори
Под претседателство на Емануел Макрон на плоштадот Конкорд во Париз се одржа свеченост, под паролата „Ангажирана, обединета и солидарна нација“, со која се одбележа националниот празник на Франција – 14-ти Јули, за време на која им беше оддадена почит на сите кои зедоа учество во борбата против коронавирусот
Тројца руски војници и неколку припадници на турските сили се повредени во експлозија на бомба поставена покрај патот во зоната на деескалација во сириската провинција Идлиб
Приходите од извоз на злато во Русија по прват ги надминаа средствата добиени од продажбата на гас, покажуваат податоците на Федералната царинска служба и Централната банка
Велика Британија може да се соочи со втор, посмртоносен бран на Ковид-19, оваа зима, а се предвидува дека во најлошото сценарио бројот на починати ќе достигне до 120.000 во текот на деветте месеци, истакнаа здравствените експерти