Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави денеска дека борбата против коронавирусот е „тимска игра“ во која е потребна соработка на граѓаните
Министерот за здравство на Франција најавува дека на идниот Совет за одбрана ќе се разгледа прашањето за задолжително носење маски на затворени места
Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја отфрли најновата понуда на „Атлантија“, групација за изградба на инфраструктура која, откако во 2018 година се урна мост во Џенова со кој управуваше една од нејзините компании, се обидува да ја задржи профитабилната концесија за управување со автопатиштата
Израелскиот министер за енергетика, Јувал Штајнц, кој е близок до премиерот Бенјамин Нетанјаху, денеска повика повторно да се воведе карантин за да се спречи заразата со коронавирусот да излезе од контрола
Повеќето германски граѓани поддржуваат построга политика на Европската унија кога станува збор за доделување азил и сакаат да биде спречено илегалното влегување на барателите на азил во ЕУ, покажуваат резултатите од анкетата објавена во германскиот весник „Велт ам зонтаг“
Околу 80 проценти од новите случаи на коронавирус во Рим се позитивни случаи од странство, тврдат здравствените власти во Лацио
Јужнокорејскиот конгломерат Самсунг Електроникс (Samsung) започна преговори со конкурентската компанија Ел-Џи (LG) за набавка на ЛЦД ТВ екраните, среде најавената транзиција кон производство на нова генерација на квантни екрани (QDD), јави агенцијата Јонхап
Австралиецот Брентон Тарант, кој пред Суд се изјасни за виновен за убиството на 51 исламски верник за време на молитва во две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд во март 2019 година, побара сам да го одржи завршниот збор, пред изрекувањето на пресудата, соопшти надлежниот суд
Водечкиот севернокорејски весник „Родонг Синмун“, денеска предупреди за опасностите од влијанието кои странската „буржоаска култура“ го има на начинот на живот во Северна Кореја и ги повика своите граѓани да се придржуваат до социјалистичкиот животен стил
Ќерката на Нелсон Мандела, Зинѕи почина на 57 години, утрово во болница во Јоханесбург. Во овој миг таа ја извршуваше функцијата амбасадор на Јужна Африка во Данска