Началничката на здравствените служби во Министерството за здравство на Израел, професорката Сигал Садецки денеска поднесе оставка. поради несоодветниот одговор на земјата на вториот бран на Ковид-19
Група млади жени, облечени во венчаници, денеска протестираа во Рим против рестриктивните мерки со кои се забрануваат големите верски собири, како свадбите, на пример, пишува Си-Ен-Ен
Кризата предизвикана од коронавирусот ќе ја зголеми невработеноста во голем дел од развиениот свет далеку над нивото од времето на глобалната финансиска криза во 2008 година, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој
Италијанската и романската полиција со поддршка од Европол и Евроџаст откри криминална група која со кибер измами обезбедила за себе профит од 20 милиони евра за една година
Економијата на ЕУ ќе го доживее најтешкиот пад од Втората светска војна во вториот квартал во 2020 година, се наведува во прогнозата на Европската комисија
Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, постави нови норми откако во оваа северна италијанска покраина еден граѓанин се разболел од Ковид-19 по неговото враќање од Западен Балкан, а потоа одбил самоизолација и не сакал да ги открие имињата на луѓето со кои бил во контакт
Специјалната известувачка на Обединетите нации за убиства без судење (extrajudicial executions), Агнес Каламар изјави дека САД не обезбедиле докази, со кои би се оправдал воздушниот напад врз возилото со кое патуваше иранскиот генерал Касим Сулејмани
Во Иран, 200 лица починаа во претходните 24 часа од последиците од Ковид-19, најмногу во еден ден откако се прошири пандемијата во таа земја
Омбудсманот на ЕУ, Емили О’Рајли, одлучи да отвори истрага поради изјави на еврокомесарката за демократија и демографија, Дубравка Шуица и отсуството на соодветна реакција од страна на Европската комисија
Саудиска Арабија ги соопшти мерките за заштита од коронавирусот за околу илјада верници на кои ќе им биде дозволено да одат на аџилак во јули во Мека