Советник на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос е приведен од надлежните и е обвинет за државно предавство
Температурите на воздухот во поголемиот дел од Сибир во јуни се зголемени за 10 Целзиусови степени во споредба со минатите години, соопшти Мрежата за набљудување на климата на Европска Унија
Една повозрасна жена од Мелбурн, Австралија, починала откако нејзината мачка ја изгребала, а потоа ѝ ја излижала раната
Обединетите Арапски Емирати планираат да тестираат два милиона луѓе или околу дваесет проценти од населението во наредните два месеца. Овој потег уследи откако бројот на новозаразени повторно се зголеми како резултат на укинувањето на рестриктивните мерки
Со зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19 во САД, се покажа дека капацитетите за тестирање на коронавирусот во земјата сè уште не се доволни
Аргентина регистрираше рекордни 75 смртни случаи за еден ден меѓу заразените со коронавирус, со што смртниот биланс од Ковид-19 во таа земја се искачи на 1.582 лица. Во земјата досега позитивни на тестот на Ковид-19 се 80.434 лица
Во Шведска денеска стапија во сила построги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти поради новиот коронавирус
Загадувањето од излевањето нафта во Рускиот Арктик, кога при хаварија во Норилск се излеаја 21 илјади тони дизел, предизвика повеќе од две милијарди американски долари штета на животната средина, соопштија руските власти
Се проценува дека 10 проценти од сите заразени со Ковид-19 во Англија, регистрирани меѓу 26 април и 7 јуни, биле или здравствени работници или социјални работници, покажа нова студија
Европската комисија денеска го презентираше извештајот за заштита на безбедноста на потрошувачите и производите на европскиот внатрешен пазар, земјите на ЕУ генерално бележат напредок во надзорот и реактивноста