Француската полиција вечерва застрела маж кој претходно со нож нападна друго лице во близина на Париз и го обезглави.
Телевизискиот форум на кој претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, имаше разговор со избирачите, бил следен од повеќе телевизиски гледачи отколку сличниот настан со учество на републиканецот Доналд Трамп.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 39.388.943 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.105.915 пациенти, а оздравеле 29.508.233 луѓе.
Најновото проучување за терапијата со Ковид-19 покажа дека лековите што се користат за тоа, не успеаја да спречат смртни случаи.
Млада мајка од Флорида, Џули Денис, која има две деца, одлучила во време на коронавирусот и финансиската криза да го продава сопственото млеко, со кое доела сурогат бебе, а досега заработила 19.300 евра.
Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на предизборен митинг во Северна Каролина рече по популарност е на второ место, зад Исус Христос.
Неформалниот самит на ЕУ за политиката за Кина, закажан за 26 ноември во Берлин, е откажан поради пандемијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на шефовите на држави и влади на Европската унија во Брисел.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека лидерите на ЕУ се обединети околу ставот за Брегзит и својот главен преговарач Мишел Барние го задолжиле да ги продолжи преговорите со Велика Британија во текот на следните две недели.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека лидерите на ЕУ27 ќе одлучат како најдобро да ја продолжат својата работа во пресрет на новиот бран на епидемијата на коронавирусот во Европа.
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска изјави дека ќе побара Брегзит без договор, доколку не дојде до фундаментална промена во пристапот од страна на Европската унија.