Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека Соединетите Американски Држави работат со европските и други земји за тоа како повторно да се воспостави безбедно патување по рестриктивните мерки поврзани со коронавирусот.
Американскит државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека Израел треба да одлучи дали ќе изврши анексија на делови од окупираниот Западен Брег, како што вети израелскито премиер Бенјамин Нетанјаху.
Индонезиските рибари пронашле 94 гладни и исцрпени муслимани од малцинската група Рохинџа, во дрвен чамец во провинцијата Аџех, меѓу кои имало и 30 деца, изјави денеска шефот на локалната полиција Мухамед Џамил.
Иранската полиција уапсила три лица осомничени за обид за продавање бебиња преку социјалната мрежа Инстаграм, соопшти денеска агенцијата Исна.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека постојат знаци дека вулканот Канлоан на островот Негрос е активен, што може да доведе до евакуација на локалното население.
Меѓународната организација на трудот (ИЛО) денеска апелираше до владите да ги поддржат десетиците милиони работници мигранти, кои се принудени да се вратат во своите држави поради поандемијата со Ковид-19, каде ќе се соочат со невработеност и сиромаштија.
Американскиот Стејт департмент го осуди терористичкиот напад во Сирија и повика на средување на конфликтот во земјата.
Швајцарската Влада денеска соопшти дека од утре ќе ги сноси сите трошоци за тестирање на коронавирусот, пренесоа британските медиуми.
Јужнокорејската министерка за трговија Ју Мунг-хе денеска ја објави својата кандидатура за лидерската функција во Светската трговска организација (СТО), а евентуалниот избор ќе и обезбеди и статус на прва жена на чело на оваа меѓународна организација.
Сите африкански земји имаат развиено лабораториски капацитети за тестирање на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејес и предупреди дека пандемијата забрзува.