Турските власти во реонот на градот Едрене приведоа 122 мигранти, кои планирале илегално да преминат од Турција во Грција или Бугарија.
Поранешниот холандски премиер Вим Кок почина денеска на 80-годишна возраст.
Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас денеска во заедничко соопштение го осудија убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, оценувајќи дека изнесените информации од страна на Ријад за случајот се неадекватни.
Џекпотот на играта на среќа „Мега милионс“ на државната лотарија на САД порасна на 1,6 милијарда долари, откако главната премија не се падна ниту при синоќешното извлекување.
Најмалку 41 лице загинаа, а над 100 други се ранети денеска при различни инциденти и неколку бомбашки напади во Авганистан, каде во текот на денот се одржуваа парламентарни избори.
Признанието на официјален Ријад дека новинарот Џамал Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“, предизвика реакции од страна на повеќе западни земји и организации.
Австралиската коалициска Влада на премиерот Скот Морисон денеска го загуби мнозинството во Парламентот, откако владејачката Либерална партија доживеа пораз на дополнителните избори за пратеничкото место кое остана испразнето по оставката на поранешниот премиер Малколм Трнбол.
Најмалку девет лица загинаа, а околу 110 други се ранети денеска при различни инциденти и неколку бомбашки напади во Авганистан, каде во тек се парламентарни избори.
Дел од камен што на Земјата паднал од Месечината, е продаден на аукција во Бостон за сума од над 600.000 американски долари.
Турските истражни органи наскоро веројатно ќе утврдат што се случило се „телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги“, изјави денеска неименуван висок официјален турски претставник.